Шумата во форма на гитара којашто во себе крие тажна љубовна приказна

8 јуни, 2020
ff4f42d585084df1a535253e2d37729852f1f14b

Дека животот пишува романи, се уверил и Pedro Martin Ureta од Аргентина, единствениот човек кој на својот имот има шума во форма на гитара. Но, позади оваа прекрасна атракција се крие тажна љубовна приказна.

Педро овој интересен потег го планирал заедно со својата сопруга Grasiella. Таа одлучила на нивната фарма да направат џиновска гитара, бидејќи отсекогаш го сакала тој инструмент.

За жал, Grasiella изненадно починала на 25 годишна возраст, а притоа била и бремена со нивното петто дете.

Pedro не сакал желбата на неговата сопруга да остане неостварена, па по неколку години одлучил сам да ја засади шумата. Сега веќе има 71 година, а тој и неговите четири деца заедно засадиле околу 7000 стебла. Биле потребни неколку децении за шумата да го добие посакуваниот облик.