Смртта не е крај! Дали би сакале да живеете во некој облик и по смртта? Наскоро и тоа ќе биде можно!

23 ноември, 2020
1d5bb02c980f126a43b4b304218b7f9ed34f8a9c


Многу компании, вклучувајќи го и Google, работат на технологии кои можат да го продолжат човечкиот живот за десетици, ако не и стотици години. Но, австралиската компанија Хумаи има поинаков план. Наместо да ни го продолжат животниот век, тие сакаат да не вратат од мртвите со помош на вештачка интелигенција.

Џош Боканегра, основачот на оваа компанија, изјави дека верува дека оваа технологија ќе биде достапна во следните 30 години. Тој објасни како неговата компанија планира да користи вештачка интелигенција и нанотехнологија за складирање на податоци, модели на однесување и размислување.

Овие податоци потоа ќе бидат кодирани во чип што ќе биде вграден во вештачкото тело. Чипот ќе ја содржи нашата личност и ќе го контролира вештачкото тело. Боканегра верува дека вештачкото тело „ќе придонесе за човечко искуство“, и ние полесно ќе ја прифатиме смртта.