Сонови од кои сите се плашат – што значи да ја сонувате смртта на блиска личност или вашата сопствена смрт!?

12 јули, 20200
1

Сигурно го знаете она непријатно чувство кога ќе се разбудите и во тие неколку моменти помеѓу јаве и сон, не знаете дали тоа што сте сонувале е нешто што навистина се случило или е дело на вашата потсвест? Нема ништо пострашно од тоа да се разбудите испотени, откако сонувавте дека некој ваш близок умрел или дека вие сте умреле.Наспроти многу верувања, ваквите соништа имаат претежно позитивни знаци и укажуваат на некои промени во вашиот живот.Лори Квин Лоунберг, автор и експерт за интерпретација на соништата, го открива она што всушност ни го порачува нашата потсвест.

Сопствениот погреб

„Ова не е крај на вашиот живот, не грижете се, ова е само крај на една фаза во вашиот живот“, објаснува Ловенберг.

Дека починавте насилно

„Зборот насилно се толкува со сосема спротивно значење – има промена во вашиот живот на која вие се спротивставувате, или ве плаши“.

Да ве убива некој ваш близок

„Ако е член на вашето семејство или пријател, тоа значи дека тој/таа ве убедуваат да прифатите некои промени во вашиот живот. Дали мора да се присилувате да се откажете од цигарите или да го прекинете пријателството? Смртта во рацете на некој близок значи дека тие ве охрабруваат да направите промени на кои се спротиставувате. “

Знаете дека ќе умрете, но не можете да побегнете

„Ова има врска со промената за која знаете и што мора да се случи. Сонот ве подготвува за неизбежното.

Ако се разбудите неколку секунди пред да умрете во сон

„Вие сте на работ на промена што мора да се случи, но сè уште не се случила во реалниот живот. Ненадејното будење исто така може да биде психолошки одговор на стравот од смрт”.

Смрт на дете

„Најстрашниот сон од сите. Тоа значи дека вашето дете достигнало важна фаза во неговиот живот. На овој начин, родителите, преку тага во сонот, разбираат дека нивното дете расте, и дека времето лета.“

Смрт на партнерот

„Вие се прашувате цела низа прашања: Што се случува со него, дали ја изгубил работата, дали ослабнал, зошто не се гледаме повеќе, дали се сменија моите чувства?“

Смрт на пријател

„Најверојатниот показател дека односот со вашиот пријател се менува. Но, ако во реалноста нема промена во врската, тогаш овој сон значи нешто друго. Пријателот е дел од вашата личност. Кои заеднички интереси ги делите? Дали сте депресивни и имате тешко време да најдете среќа? Дали некој треба да ве охрабри?“

Да убиете некого во сон

„Убиството значи дека имате некои промени во животот. Ако се обидете да се откажете од алкохолот, да започнете диета или да промените работно место, во фигуративна смисла „убивате“ дел од животот и му ставате крај на тоа.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi