Сонувавте дека го изневерувате партнерот: Еве што ви порачува потсвеста!

24 ноември, 2020
portrait-36300681920-830x0

Ако вашата врска е добра и стабилна, ако не сакате некој друг и не сте лути на својата „втора половина“, сигурно не би ни сонувале да го изневерите вашето момче – ова е реченица што повеќето припаднички на понежниот пол ќе ја слушнат кога им се доверуваат на своите пријатели дека сонувале дека го изневеруваат својот партнер.

Но, за да протолкувате точно што ви кажуваат соништата, Барет предлага да размислите прво за неколку работи. Што е измама за вас и како изгледал сонот?

Откако ќе ја воспоставите основната дефиниција за „изневерување“, обидете се да се сетите што точно сторивте во сонот. Како се чувствувавте? Дали и вашиот партнер се појави во тој сон или бевте само свесни за неговото постоење?

Одговорите на овие прашања би можеле да го „отклучат“ метафоричното значење на сонот. Во повеќето случаи, овој сон укажува на потиснато чувство на вина или грижа во реалниот живот.

Ако криете нешто од вашето момче или сопруг, запрашајте се зошто го правите тоа и зошто не му верувавте во тоа што ве мачи. Ако го изневеривте поранешното момче, вината може да ве прогонува во соништата.

– Неверството може да биде трауматично, и таа траума нема да помине баш така. Дури и ако сте биле неверни во далечното минато, емоционалната лузна често останува. За да го излекувате, разговарајте со вашиот партнер за тоа – советува Барет.

– Ако чувствувате дека недостасува возбуда и страст во врска или брак, дека исчезна првичната искра меѓу вас и вашата „втора половина“, време е да се посветите повеќе едни на други и да проверите дали тоа е вистинскиот чекор за обете страни- советува психологот.