Спална соба со кученце на неа.. но каде е кучето?? “Мистерија” што го “мачи” цел инстаграм.. Го најде??

3 август, 2020
naslovna

Корисник на социјалната мрежа Редит објави фотографија за која се заинтересираа многумина, бидејќи задачата беше да го пронајдат кучето на неа.

„Го барав моето куче 10 минути. Можеш ли да го забележиш? “ тој напиша под фотографија која наскоро стана вирална.

Следеа повеќе од 300 коментари: „Не можев да го пронајдам скоро 10 минути“, „Кучето игра криенка со тебе“, „Ова беше навистина тешка задача“, се само некои од нив.

Многумина се мачеа, неколку од нив можеби беа близу, па сопственикот на крајот објави фотографија на која го обележа местото каде се крие кучето.