Стаклена куќа која “лебди” над водата, а во која ќе се чувствувате како последната личност на Земјата

17 јуни, 20200
Annotation 2020-06-17 001919

Ова необично чудо на архитектурата е инспирирано од древните светилници кои непоколебливо стоеле на самиот раб на Земјата и претставувале сигурен премин на бродовите.

The Air е името на зачудувачката стаклена куќа на работ во Португалија со поглед на Атлантскиот Океан. Овој пример за невозможна архитектура е дело на украинскиот архитект Виктор Јакуша од фирмата Yakusha Design со која сакал да создаде чувство на безтежинска состојба над водата.   

Иако оваа стаклена конструкција од 270 степени изгледа како да лебди над водата, е исклучително стабилна. Изградена е на вертикален столб од рециклиран бетон кој е вграден на работ, од кој се пружа невеаројатен поглед на околината. Со огледот на недостатокот на недвижнини во близина, во неа ќе се чувствувате како последна личност на Земјата.

Ова необично чудо на архитектурата инспирирано е од древните светилници кои непоколебливо стоеле на работ и претставувале сигурен пролаз за бродовите.

Куќата се протегнува на дури 48 метри квадратни, а вклучува и спална соба, дневна соба, бања и кујна. Во случај да сакате да се сокриете од јавноста, на располагање ви е автоматски систем завеси кои го опфаќаат целиот простор од врвот до дното.  

Куќата е плански градена како викендица за еден страствен вљубеник во сурфањето кој сакал да се чувствува како да лебди над водата дури и кога седи во спалната соба.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *