СУПЕР ДОНОР НА СПЕРМА ИМА НАД 150 ДЕЦА: Оваа година за време на корона вирус тој оплодил 6 жени

2 октомври, 2020
dzo-donor-830x0

Донор на сперма од Америка, кој има 150 деца ширум светот, вели дека за време на блокадата поради корона вирусот, тој оплодил уште шест жени и дека ограничувањата „не го забавиле“.

Маж познат под псевдонимот Ео Донар (49) вели дека пет жени во моментов ги носат неговите бебиња, додека едното се породило порано оваа година , што значи дека е близу до целта да оплоди 10 жени во 2020 година.

Eо од Вермонт вели дека поголемиот дел од блокадата ја поминал во Аргентина откако заглавил таму за време на патувањето да донира сперма. Сепак, сега кога патување е можно повторно. Како што рече, тој сега е повторно зафатен и се надева дека британките, на кои им е потребна помош, ќе стапат во контакт со него додека тој е во Лондон.

„Имам околу 150 деца ширум светот, едно е родено на почетокот на годината и уште пет жени се бремени. Вирусот корона не ме успори и јас сум зафатен повеќе од кога било„ – рече Ео, кој го крие своето вистинско име.

Тој кажа кога ќе се родат бебиња, тој ги добива нивните фотографии, а многу деца личат на него.

„Не добивам финансиска компензација затоа што им давам сперма на жените, само уживам да им помагам на луѓето“ – рече тој.

За да им помогне на жените да имаат бебиња, Ео патувал низ цела Америка, Велика Британија, Италија, Сингапур, Филипини и Аргентина. Тој донира сперма од 2008 година и добива околу 10 бебиња годишно. Eо исто така нуди сексуални односи и вештачко оплодување – и вели дека околу половина од неговите деца се резултат на секс.

За да биде сè безбедно, Ео се прегледува еднаш годишно, а ако тоа го бараат некои жени тој оди почесто на прегледи. По завршувањето на посетата на Велика Британија, Ео се враќа во Америка, додека чека повеќе барања за оплодување.

„Контактирам жени ширум светот преку е-пошта или преку Фејсбук. Не ми пречи да патувам затоа што можам да работам од каде било во светот“ – рече тој.

escort - Korsan taksi