СВАДБА ОД МНОГУ ЧУДНИ СОНИШТА! Во Казахстан, бодибилдер се ожени со силиконска кукла (ВИДЕО)

7 декември, 2020
Screenshot_1_1000x0

Она што е уште почудно во целата приказна е што Толочко тврди дека Марго работи како келнерка во еден локален паб.

Бодибилдер од Казахстан конечно се ожени со својата сакана секс-кукла , откако ја запроси во декември 2019 година.

Јури Толочко ја запроси силиконската девојка минатата година, но нивната венчавка беше одложена во март поради пандемијата на коронавирусот.

После тоа, имаше нова промена во церемонијата, откако Толочко беше нападнат на трансродов собир во октомври, но на крајот тие сепак станаа маж и жена. Минатата година, локалните медиуми објавија дека Толочко ја запросил Марго по осум месеци врска. Она што е уште почудно во целата приказна е што Толочко тврди дека Марго работи како келнерка во еден локален паб.

– Не може да оди сама, ѝ треба помош. Не знае да готви, но ја сака грузиската кујна. Марго пцуе, но има нежна душа – објасни бодибилдерот.

Тој откри дека се сретнале во барот, кога друг човек ја нападнал, а тој „скокнал и ја заштитил“.

Чуден некој свет.