„Терминатор кожа“ доаѓа од иднината, а чувствува болка исто како човечката кожа

7 септември, 2020
elektronska-koza-620x350

Новиот вид на вештачка кожа реагира скоро истовремено ако има зголемување на притисокот врз неа или зголемување на температурата што може да предизвика болка

Електронската кожа е веќе во состојба да реагира на допир, но не толку добро на удари или изгореници што предизвикуваат болка. Ова е проблем за протетиката и роботите што треба да имаат „човечка“ реакција во иднина.

Сепак, се чини дека решението е на повидок, така што во иднина, електронската кожа може да стане почувствителна. Имено, истражувачите од Австралискиот кралски технолошки институт во Мелбурн (RMIT) развија вештачка кожа која реагира на болка како и човечката кожа.

Овој тип на вештачка кожа реагира скоро истовремено ако има зголемување на притисокот врз неа или зголемување на температурата што може да предизвика болка кај луѓето, пишува Енгаџет.

Прототипот е изработен од растеглива и екстремно тенка електронска компонента со слоеви чувствителни на притисок и температура, како и слој на мемориски клетки кои имаат мозочна функција.

Технологијата, без никакви проблеми, е во состојба да разликува нежен допир од удар. Структурата имитира неврони, нервни патишта и рецептори клучни за човечките сетила.

Овој проект е сè уште далеку од практична примена во производството на специфични производи, но неговата потенцијална употреба е сосема јасна. Протетичка рака што подобро може да почувствува надворешни влијанија може подобро да ги заштити луѓето од потенцијални опасности. Исто така, роботите би можеле да изгледаат помалку „застрашувачки“ во иднина, бидејќи повеќе би личеле на луѓе.

escort - Korsan taksi