УКРАДОА МИСИРКА, ЈА ОПИЈАНИЈА СО ВОДКА ПА ЈА ОДНЕСОА НА РОДЕНДЕН: Бизарна сцена од Зоолошка градина, ОВА не им е ПРВ ПАТ!

5 декември, 2020
856387_screen-shot-20201205-at-9.24.00-am_ls

Мисирката е вратена во зоолошката градина, но прашање е како повторно ќе се прилагоди на животот со други животни

Тројца Летонци фатиле мисирка од зоолошката градина во Рига, која потоа ја качиле со нив во воз и ја однеле во Јурмала.

Таму, славејќи го роденденот на еден од нив, сите се опијанија, дури и мисирката, која не знаеше каде се наоѓа од алкохолот.

Летонската полиција ги уапси осомничените за кражбата на животното, кои кога им беа ставени лисици изјавија дека сакаат само да се забавуваат.

Мисирката е вратена во зоолошката градина, но прашање е како повторно ќе се прилагоди на животот со други животни затоа што е многу повлечена и вознемирена. Можеби и има мамурлак.

Крадците ќе треба да одговорат за кражбата и упадот во зоолошката градина. Ова не е прв пат да бидат уапсени, но досега одговараа на суд исклучиво за немири на натпревари.

escort - Korsan taksi