Уметност на чинија: Ова момче прави вистински ремек дела од јајце „на око“

16 декември, 2020
jaja-na-oko

За многу луѓе, појадок без јајца не е појадок. Изматените јајца, омлетот изборот е ваш и ако сте доволно креативни, можете да ги користите како украс на чинија. Или барем тоа е случај со еден млад човек кој го претвора својот омилен оброк во минималистички уметнички дела.

Мексиканецот Мишел Балдини дефинитивно обожава јајца за око, но ги обликува на сосема различни начини. Од сцени од филмови, стрипови, природа, па сè до животни и пресоздавање слики од познати уметници, се добива впечаток дека нема ништо што неговите раце не можат да сторат.


Само на Инстаграм го следат над 107 илјади следбеници. И, иако има само 21 година и студира медицина, тој се обидува да не го занемари своето хоби, особено за време на пандемија, каде што, како што рече, барем на тој начин, успева да им врати насмевка на лицата на луѓето и да ги инспирира да пробаат и тие нешто слично.

escort - Korsan taksi