УМРЕ Морис- петелот што заврши на суд заради гласно КУКУРИКАЊЕ

21 јуни, 20200
petel

Морис, петелот од Франција чија сопственичка завршила на суд заради неговото гласно кукурикање умрел на шест години.

Морис добил национална и меѓународна поддршка и станал симбол на кампања за заштита на звуците на француското село, кога се нашол на суд заради “загадување со бучава”.

Минатата година судот пресудил во негова корист и тој последните месеци ги живеел во својот дом на Островот Олерон.

Морис умрел во мај, но неговата сопственичка не ја објавила веста тогаш., бидејќи сметала дека луѓето во карантин имале доволен број на грижи. Таа сега има нов петел, кој го крстила по стариот Морис и кој е подеднакво бучен како својот претходник.

Проблемите на Морис му почнале кога еден постар пар кој има викендица на Олерон го обвинил за вознемирување со гласно кукурикање.

Тој станал славен во Франција каде галскиот петел е еден од националните симболи, а петицијата за неговото ослободување од вина ја потпишале 10 илајди луѓе.

Неговата сопственичка која живеела 35 години на островот морала да се отсели. Но, минатата година во септември судот пресудил во корист на сопственичката на Морис и им наложил на тужителите да платат 1000 евра на име на трошоците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi