Ви се смали облеката од перење? Не очајувајте ние имаме решение!

7 декември, 2020
images

Понекогаш, по машинското перење на алиштата поради центрифугата или заради несоодветна температурa алиштата може да се намалат за еден или два броја. Но, постои трик со чија помош лесно може да се врати првобитната големина на стеснетите алишта.

Памучната облека лесно го враќа својот облик и изглед, ако ги следите овие три чекори. Ви треба топла вод детски шампон и голем пешкир. Облеката што се собрала ставете ја во благ раствор од вода и детски шампон (на 1 литар вода оди 1 супена лажица шампон).

Оставете да отстои 20тина минути. Извадете ја облеката, малку исцедете ја па ставете ја в пешкирот. Свиткајте го пешкирот заедно со облеката во ролна и оставете го да отстои така 15 минути.

Одмотајте го пешкирот па полека растегнете ја ткаенината. Влакната ќе бидат омекнати.

Така, ќе можете да ја вратите облеката во првобитната состојба. Облеката оставете ја да се иссуши врз пешкирот, во хоризонтална положба.