Ви стана досадно на Фејсбук и Ви одзема премногу внимание?! Можеби е време да го избришете профилот засекогаш?

18 август, 20200
delete-facebook-account-696x428

Честопати можете да прочитате новости за Фејсбук на технолошките портали и честопати тие не се позитивни написи. Фејсбук со години има различни проблеми, од кои можеби најголеми се оние со безбедноста на податоците и приватноста.

Ако сте уморни од размислување или генерално ви е досадно на социјалните медиуми, особено на Фејсбук, можеби е време за пократка или подолга разделба од истото. Во овој текст, ние ќе ви покажеме како привремено да го деактивирате и „скриете“ вашиот профил на Фејсбук, и како целосно и неповратно да го избришете.

Ако мислите дека ќе ви недостасува Фејсбук ако го избришете – не грижете се. Секогаш можете да креирате нов профил ако имате потреба од тоа, но кога ќе ја поминете првата фаза кога ќе ви недостасува Фејсбук, наскоро сфаќате дека не ви треба повеќе. Разберете дека можете да живеете без Фејсбук. Не поминувајте часови и часови движејќи се низ бесконечиот feed и лајкувајќи ги непотребните и вознемирувачки натписи и фотографии по стоти пат.

Деактивирање на сметката

Фејсбук во основа ви дава две опции: деактивирајте ја или избришете ја вашата сметка.

Првата опција е ужасно лесна за употреба. Ако сте на desktop т.е на компјутерот и имате отворено Фејсбук, во горниот десен агол од менито, одберете Settings. Кога ќе се отвори нов прозорец, од левото мени изберете ја третата опција ” Your Facebook Information”. Ќе видите голем број на опции, но последната во серијата е „ Deactivation and deletion“. Кликнете на “View” од десно.

Ова ве одведува до прозорецот каде што можете да изберете една од двете опции што ги споменавме – дали сакате да ја деактивирате или бришете сметката. Изберете ја првата опција и потоа внесете ја лозинката. Откако ќе го потврдите вашиот идентитет, ќе дојдете на друг екран каде Фејсбук сака да знае зошто ја деактивирате вашата сметка, дали сакате да продолжите да примате е-пошта од оваа мрежа и слично. Ако сте сигурни дека сакате да го направите ова, притиснете го копчето „ Deactivate account“ и тоа е тоа. Профилот е деактивиран.

 Ако сте на мобилен телефон, процесот е многу сличен. Отидете во Settings & Privacy > Settings > Account Settings > Personal  Information > Manage Account > Deactivate.

Откако ќе го деактивирате вашиот профил или сметка, никој не може да ви испрати порака, не може да го посети вашиот профил, нема да ги гледа вашите мислења и коментари и слично. Поточно, со ова привремено исчезнавте од Фејсбук. Дали ќе ги активирате профилите или не, зависи од вас. Но, сè додека е деактивирано, никој не може да му пристапи.

Ако одлучите да се вратите на Фејсбук и да го активирате повторно профилот, се што треба да направите е да одите на Фејсбук, да ја внесете вашата лозинка и корисничко име и ќе добиете известување од Фејсбук дека профилот е деактивиран и прашање за тоа дали сакате да го активирате.

Ако го потврдите ова, повторно ќе имате активен профил, сите пријатели што сте ги имале претходно ќе бидат поврзани со вашата сметка, сите натписи, слики и слично ќе бидат таму каде што беа порано.

Бришење сметка

Постојат два начини за бришење сметка на Фејсбук. Првата е да ја посетите оваа веб-страница, а втората е да се вратите на Settings – Your Facebook Information – Permanently delete account. Ова ќе отвори друга страница каде Фејсбук ќе ви понуди неколку опции. Првата е да ја деактивирате сметката како и да е, да не ја избришете трајно. Втората е да ги преземете информациите што ги има Фејсбук за вас (постови, слики, коментари). Третata е всушност да ја избришете сметката.

Ако одлучите трајно да ja избришете сметка, само притиснете го копчето ” Delete Account”, потврдете го изборот со лозинка и тоа е тоа. Но, не оди cѐ во моментално. Фејсбук ќе ја стави вашата сметка на списокот за бришење, но ова може да трае 30 дена. Што значи дека вашите податоци сепак ќе живеат некое време на серверите на Фејсбук. Вашите пријатели нема да ги видат, но тие сè уште нема да бидат избришани.

Ако не се најавите на Facebook во тие 30 дена, Фејсбук трајно ќе ја избрише вашата сметка и тоа е тоа. Одлуката зависи од вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi