ВИРУСОТ ПОВТОРНО МУТИРА: Научниците кажуваат дека сега е многу страшно!

2 ноември, 2020
вирус

Мутацијата на вирусот е нормална појава и досега се откриени и потврдени дури 285 мутации, но една специфична може да значи дека тој станал уште позаразен.
Корона вирусот доби неколку генски мутации оваа година, а една од нив може да ја направи заразна, предупредуваат научниците од Универзитетот во Тексас. Во студија која анализирала повеќе од 5.000 пациенти со Ковид-19, тие идентификувале мутација наречена Д614Г, за која веруваат дека го прави вирусот уште позаразен.

Вирусот мутира поради случајни генетски промени, како и под притисок на нашиот имунолошки систем, објасни коавторот на студијата др. Илја Финкелштајн. За време на првиот бран на епидемијата, 71 процент од пациентите имале вирус со мутација D614G. Во вториот бран, во текот на летото, тој процент скокна на 99,9 проценти.

Секоја нова инфекција може да доведе до нови мутации
Мутацијата на вирусот е нормална појава и досега се откриени и потврдени дури 285 мутации, но повеќето немаат никакво влијание врз сериозноста на болеста предизвикана од вирусот. Д-р Финкелштајн вели дека вакво истражување е важно за следење на мутациите на корона вирусот, но исто така и за правење вакцини и лекови бидејќи тие секогаш мора да бидат чекор понапред од вирусот.

Секоја нова инфекција може да доведе до нови мутации, што потенцијално може да предизвика потешки форми на болеста, забележуваат научниците. Главниот автор на студијата, Џејмс Мусер, изјави дека „му дадовме многу шанси на овој вирус“, пренесува Мирор.

escort - Korsan taksi