Во огледалото е! Ловци на духови ФАТИЛЕ еден во замокот, а сликата од оваа куќа кажува сѐ (ФОТО)

24 јуни, 2020
ogledalo

Тим на ловци на духови од Ирска конечно може да воздишне. Барем така тврдат шесте члена на тимот кои го истражувале замокот „Елен“ во Галвеј.

Ричард Морисон изјави дека тимот има доказ дека духот на Волтер Питер Ламберт од 19 век лебди околу замокот.

„Во ова видео, духот на Ламберт може да се види во огледалото. Затоа целиот случај го нарековме „Човек во огледало“. Имаме доказ “, рече Морисон.

Ламберт починал во 1892 година од последици на загушување.
Ден по неговата смрт, домаќинката им кажала на полицијата дека го видела духот на Ламберт околу замокот. Во тоа време, никој не ѝ верувал.

„Жената рекла дека го видела нејзиниот шеф на креветот, а потоа како тој станал и почнал да оди. Но тој дефинитивно бил мртов, а оваа приказна се сметала за глупост. Слугинката подоцна изјавила дека го видела духот на Ламберт и на коњот кој го јавал порано. Заради тоа тие донеле други коњи на фармата, за да видат како ќе реагираат животните, бидејќи се шпекулира дека тие имаат посебно чувство за паранормални појави. „Штом пристигнаа, коњите полудеа и почнаа да бегаат од имотот“, раскажал Морисон.

Замокот во минатото бил поврзан со многу познати луѓе. Оскар Вајлд доаѓал таму како дете, а мајката на синдикалистот Едвард Карсон е родена во тој замок.