ЗА ОВАА РЕКЛАМА ЗБОРУВА ЦЕЛ СВЕТ: Кога ќе ја погледнете, СЕ ќе ви стане јасно! (ВИДЕО)

20 јуни, 20200
Annotation 2020-06-19 190145

Новата реклама која ја лансираше Владата со хумор одговара на непријатните теми.

Тоа е сцена која е ноќна мора на секој родител и секој тинејџер: двајца порно глумци се појавуваат голи на влезната врата од куќата и и велат на збунетата мајка: “Здраво … Вашиот син не гледаше на интернет.”

Изненадната појава на насмејаните и голи глумци Сју и Дерек стана вистинска сензација во Нов Зеланд. Во прашање е реклама која ги поттикнува родителите да размислуваат на безбедноста на своите деца на интернет.

Во последната реклама од серијата Keep It Real, комичарката Џастин Смит дознава од двајца голи порно глумци дека нејзиниот син ги гледал нивните клипови “на својот лап топ, iPad, Playstation, на својот телефон, на нејзиниот телефон и на ТВ проекторот”, додавајќи дека тие во клиповите никогаш не разговараат туку веднаш преоѓаат на работата.  

“Да, а јас никогаш не постапувам така во реалниот живот,” вели мажот, Дерек додека момчето престрашено се појавува со својот лап топ и ја испушта шолјата чај на подот.  

Сју објаснува: “Ние обично ова го изведуваме за возрасни, но вашиот син е дете. Тој можеби не знае како врските навистина функционираат.”

Потоа мајката му кажува на синот дека е време за разговор.

Оваа реклама настана откако во 2019та е спроведено истражување кое покажало дека младите лица во Нов Зеланд учат се за сексот преку интернет порнографијата, како и тоа дека третина тинејџери гледа порнографија во која е прикажан секс без согласување.

Другата реклама се однесува на врсничкото насилство преку интернет – и ги охрабрува родителите да останат прибрани, смирени и внимателни кога започнуваат разговор со своите деца за нивните активности на интернет.  

На вратата се појавува девојче и се жали на таткото на својата другарка дека неговата ќерка води цела кампања на друштвените мрежи во која ја нарекува со погрдни имиња и ги повикува другите деца да не се дружат со неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *