Ако сакате џин-тоник тоа кажува нешто во врска со вашата интелигенција, некои можеби ќе бидат изненадени!

15 јули, 20200
Naslovna

Дали сте страствен љубител на џин тоник? Следниот пат, обидете се да утврдите колку ви е горчлив тоникот.

Според неодамнешното истражување, тоа кажува нешто за вашата интелигенција!

Големината на мозокот одредува колку нештото ни е горчливо.

Џин-тоникот е следново: на некој му се допаѓа горчливиот вкус на пијалокот, а некои луѓе едноставно им е премногу горчлив. Сепак, една студија открила дека џин-тоникот открива некои работи за вашата интелигенција, односно се зависи од тоа за колку горчлив го сметате тој пијалок. Изненадувачки факт е дека големината на мозокот одредува колку е горчлива нашата храна.

Мозокот одредува вкус

За целите на истражувањето, 1.600 американски и австралиски испитаници вкусиле слатки и горчливи пијалоци, а потоа ги оцениле. За горчливите пијалоци користеле џин – тоник затоа што, меѓу другото, содржи и кинин. Истражувачите кои ја воделе студијата забележале дека кининот е клучна компонента во тоник, која често се користи за да се процени реакцијата на луѓето на горчливиот вкус.

По тестот, се снимени мозоците на испитаниците со помош на магнетна резонанца. Испитаниците кои го оцениле џин – тоникот за помалку горчлив имале поголем мозок од оние кои сметале дека пијалокот е многу горчлив. „Без разлика дали сакаат тоник или не, луѓето со голем мозок сметаат дека е помалку горчлив“, велат водачите на истражувањето. И, поголемиот мозок, според научниците, е фактор за повисок коефициент на интелигенција.

Подобра исхрана како цел

„Нашето истражување е на уште еден чекор кон разбирање како точно нашите мозоци го разбираат вкусот“, додаваат истражувачите. Ваквите нови сознанија ќе ги подобрат навиките за јадење кај луѓето и полесно ќе им помогнат во нарушувања со исхраната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *