Археолозите останаа вчудоневидени! Во Данска е пронајдена најголемата секира на Викинзите

23 август, 2020
vikinzi

Археолозите, на локалитет во централна Данска, пронајдоа секира која во своите димензии ги надминува сите пронајдени објекти досега за слични намени.

Археолозите забележуваат дека ова е досега најголемата секира  и дека оружјето со ваква големина мора да се држило со обете раце. Некои би довеле до заклучок дека станува збор за исклучиво церемонијално оружје кое би се користело само во одредени ритуали, но пронајдената секира нема украси и скоро сигурно била наменета за борба.

Различни варијанти на секира беа меѓу омилените видови оружје кај Викинзите.

Оваа секира е пронајдена во нордиска гробница од 950 година, во која беа закопани маж и жена, чија облека и накит укажуваат дека тие биле многу респектабилни членови на општеството. Жената имала клучеви на својот појас, кој според традицијата биле резервирани исклучиво за членовите на социјалната елита.

Утврдено е дека еден друг човек со секира подоцна бил закопан таму, иако оваа не е толку голема како првата. Претпоставката е дека тој е роднина на првично погребаната двојка.