Дали е ова доказ дека не сме сами во вселената? Американски воени ловци забележале необјасниви работи!

27 јули, 20200
svet

Во април беа направени три снимки од американски пилоти, кои покажуваат средби со НЛО.  Информациите за средбите со мистериозното летало им беа познати на тесниот круг на службени лица, а на претставниците на Пентагон не им беше дозволено да ги коментираат во јавноста. Поранешниот таен дел на Пентагон, кој го испитуваше појавувањето на неидентификувани летала (НЛО) на Земјата, работи без проблеми во последните 10 години, и покрај тврдењата на властите дека е распуштен.

Сместени во одделот за разузнавање на морнарицата (Канцеларија за поморско разузнавање), оперативците и началници на одделот наречен „Неидентификувани воздушни феномени“ беа поканети да ги објават своите откритија, објави „Њујорк Тајмс“.

Информациите за средбите со мистериозни летала им беа познати на тесниот круг на службени лица, а на претставниците на Пентагон не им беше дозволено да ги коментираат во јавноста. Повиците за транспарентност уследија по тврдењата на некои поранешни членови на одделот дека наишле на „летала што не биле направени на Земјата“. Минатиот месец американските сенатори побараа да бидат проверени НЛО документите на Пентагон, како и воените служби да објавуваат извештаи за откриените феномени. Покрај тоа, беше објавено дека тие ја поддржуваат работата и напорите на „Неидентификуваните воздушни феномени“, што се толкува како потврда дека сè уште постојат и работи.

Во текот на 2017 година, Пентагон го потврди постоењето на мултимилионска програма, наречена Напредна програма за идентификација на заканите од вселената, која го истражува феноменот на НЛО, и покрај фактот дека официјално „престана да работи“ во 2012 година. Оперативците кои беа ангажирани во одделот во текот на 2017 година му потврдија на Њујорк Тајмс дека сè уште постои, но под друго име и „различен покрив“.

Програмата за прв пат беше лансирана во 2007 година, под покровителство на Агенцијата за одбранбени разузнавачки информации, но потоа беше предадена на Разузнавачката служба на морнарицата, само за да биде откриена минатиот.

„Тие веќе не треба да се кријат во сенка“, изјави поранешниот директор на програмата Луиз Елизандо.

Политичарите се плашат од Русите и Кинезите?

Сега американските сенатори сакаат поголема контрола врз програмата, како и повеќе информации. Се чини дека тие сè уште се повеќе загрижени за опасноста што Русите или Кинезите би можеле да ја претставуваат на националната безбедност, а не од вонземјаните. Како и да е, има извештаи дека одделот со години откривал нечовечки предмети. Еден од поранешните сенатори и застапник за создавање на НЛО програмата, Хари Рид, исто така верува дека летала од други планети се пронајдени на Земјата.

– По разгледувањето на ситуацијата, дојдов до заклучок дека има извештаи за специфични работи што ги поседува државата и приватниот сектор. Исклучително е важно информациите за физичките докази, кои се откриваат, да бидат претставени пред јавноста – изјави Рид за Њујорк Тајмс.

„Не можеме да правиме такви работи“, рече астрофизичарот Ерик Дејвис, кој порано работел како консултант во програмата за НЛО. Тој тврди дека ги информирал претставниците на Министерството за одбрана на САД во март за „летала што не биле направени на Земјата, а се во сопственост на луѓе“. Дејвис рече дека бил учесник на брифингот за неидентификувани предмети двапати пред Комитетот на Сенатот за овие прашања, во октомври 2019 година. Не се приложени докази за приказната, а објаснувањето е дека таквиот материјал е строго доверлив.

Оваа година се засилени напорите да се извести јавноста со повеќе информации за видувањата на НЛО, кои ги поддржува сенаторот Рид. Во април беа објавени три снимки направени од американски пилоти, на кои се прикажани средби со неидентификувани летала. Црно-белите снимки се автентични, потврдија надлежните.

Една од снимките е направен во ноември 2004 година, а другите две во јануари 2015 година. Министерството за одбрана објави дека ги објавило снимките, бидејќи престанале шпекулациите за нивната автентичност. -Снимените летала остануваат категоризирани како неидентификувани – беше објавено. Поранешниот сенатор на Невада, Хари Рид, чија држава е домаќин на познатата воена база Област 51, го поздрави објавувањето на снимките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi