ДРАМАТИЧНА СЦЕНА: Падна во канализација среде улица и едвај спасија жива глава

2 септември, 2020
nesreka

Оваа неверојатна сцена ни доаѓа од рускиот Астрахан, град близу Каспиското Море.

Несреќниот возач падна во дупка што се појави на прометната авенија.

Очевидци велат дека возачот, неговата сопруга и свекрвата успеале да избегаат пред да исчезне предниот дел на автомобилот под површината.

Сите служби брзо пристигнале на местото на настанот, како и градоначалникот. Експертите кои ја прегледале дупката рекоа дека инцидентот е предизвикан од оштетени канализациони цевки на длабочина од осум метри.

Гувернерот на регионот, Игор Бабушкин, му ветил на несреќниот сопственик на возилото дека ќе му ја надомести штетата, барем материјалната.