Еве зошто се слични кучињата и нивните сопственици!

18 јули, 20200
куче

Овој феномен не е нов, но во последно време науката се занимава повеќе со него. Сличноста помеѓу кучињата и сопствениците некогаш се однесува на сличната фризура, некогаш на физичката градба, некогаш по бојата на косата. Но, според некои истражувања, кучето и човекот не се исти по изгледот, туку по карактерот. Ако е сопственикот опуштен, тогаш и кучето е опуштено. Од друга страна, невротична личност има плашливо куче.

Неколку научници од Калифорнија дошле до заклучок дека луѓето одбираат кучиња кои се слични со нив, без разлика дали станува збор за карактерна или физичка особина. Така, може да се каже дека човекот го одбира кучето слично како што одбира партнер, тргнувајќи од симпатиите, еднаквите интереси и карактерот.

Кој се прилагодува на кого?

Взаемно се прилагодуваат со текот на времето. Тоа значи дека бараме куче кое одговара на нашиот живот. Но сепак прашањето е како прашањето за кокошката и јајцето. Дали човекот го обликува кучето, или одбираме куче според нековите карактеристики? Сеедно е кој е одговорот, она што е важно е дека кучето и понатаму останува најдобриот пријател на човекот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi