Исклучете го телевизорот! Еве што ќе се случи со вашето тело ако гледате телевизија повеќе од 2 часа на ден

27 јули, 20200
tv

Голема студија спроведена од Универзитетот во Глазгов на дури 500.000 луѓе, покажа дека должината на гледањето на телевизија е директно поврзана со голем број здравствени проблеми.

Во текот на 12 години, истражувачите го следат однесувањето на испитаниците на возраст меѓу 37 и 73 години, а резултатите се многу интересни.

Експертите тврдат дека доколку гледавме телевизија помалку од 2 часа на ден, потенцијално би можеле да се спречат 5,62% од смртните случаи и 7,97% од смртните случаи од кардиоваскуларни заболувања.

Патем, тука е вклучена секоја форма на гледање програми, не само преку стандардни ТВ уреди, туку и преку мобилен и компјутер.

„Нашето истражување го потврдува ставот дека прекумерното гледање на телевизија, заедно со други лоши навики (нездрава храна, закуски, недостаток на физичка активност), доведува до лошо здравје. Потребни се дополнителни истражувања за да се објават поконкретни заклучоци “, рече д-р Хамиш Фостер, кој ја водеше студијата.

Исто така, беа испитани навиките на луѓето кои го замениле гледањето телевизија со различни физички активности, а интересно е што најмногу корист имале луѓето кои поминувале многу малку време на тие физички активности.

Ако тоа не ве исплаши доволно, погледнете во симулацијата што покажува што ќе се случи наскоро ако не го намалите гледањето на ТВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi