Кои хороскопски знаци се најголеми пијаници?

14 јули, 20200
piewe

Не можеме да генералиираме во однос на хороскопските знаци и одредени знаци да ги прогласиме за алкохоличари, бидејќи меѓу нас може да се најдат многу љубители на чашката, но има и трезни. Сепак, некои се понаклонети кон првата опција.

Риби

Рибите се емотивни, а со емоциите полесно се носат кога се пијани или поднапиени. На рибите не им треба многу за да испијат некој пијалок повеќе. Во тажните прилики знаат да плачат, а во веселите прилики да прават секакви лудории.

Стрелец

Ова е човек кој секогаш сака да си угоди на себеси, а алкохолот е едно од средствата за постигнување на таа цел. Тој е друштвен, но забавите каде што нема алкохол не ги смета за забавни. Кога ќе се напие, тој е во состојба без лоша намера да ви каже работи заради кои ќе сакате да го удрите со шише по глава.

Рак

Овој воден знак на драго срце нурнува во чашата. Проблемот настанува кога со помош на повеќе алкохол се зголемува и напорното однесување на ракот. Во еден момент може да му бидете најдрага личност, а во друг да ве опсипе со навреди и клетви. Кога ќе се отрезни нема да му биде јасно зошто се лутите.

Бик

Биковите се родени хедонисти, па некогаш не знаат за доста и во пиењето. Што повеќе, тоа повесело е неговата парола за луд провод во текот на викендот. Отпорен е на алкохол, па тој уште пие додека другите се веќе паднати под маса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *