“ЛУЃЕТО СЕ ЗГРОЗЕНИ” Од каде всушност потекнува аромата на ванила?

16 ноември, 2020
dreamstime-m-166155605

Корисниците на TikTok се згрозени бидејќи откриле како се прави аромата на ванила и велат дека повеќе не сакаат да ги користат во нивната храна и пијалоци

Од каде потекнува аромата на ванила?
Според извештаите, состојката кастореум во вештачката арома на ванила доаѓа од задникот на дабарот. Поточно, тоа е мрсна секреција на дабарските жлезди кои се наоѓаат помеѓу нивната карлица и опашката.


Ја кревам опашката на животното, а потоа се спуштам и го приближувам носот до неговиот задник. Луѓето мислат дека сум луда, но дабарите стварно одлично мирисаат – вели екологот од дивиот свет, Џоан Крафорд
Слаткиот мирис се создава поради исхраната на животните, која се базира на кората на дрвјата и лисјата, а со овој мирис тие ја обележуваат нивната територија.

Од каде потекнува трендот на TikTok?
Овој тренд го започна корисникот со прекар Slowmooe , а неговото видео стана вирално за кратко време и го погледнаа повеќе од половина милион луѓе. Тој се снимил додека пиел кафе со арома на ванила, а потоа пребарувал на Интернет за потеклото на аромата.

@sloowmoee

@shaylanmarieee TRIED TO MORDOR ME

♬ original sound – Sloowmoee

Никогаш повеќе не пијам нешто со арома на ванила! – викна во камерата пред да заврши со снимањето.

Но, за љубителите на вкусот на ванила, останува фактот дека 94 проценти од вкусот што се користи во храната и пијалоците доаѓа од синтетички, вештачки состојки.