Маскираниот ХЕРОЈ им помага на граѓаните на Сантијаго: Бетмен им дистрибуира храна на бездомниците во времето на корона

21 август, 20200
betmen

Како што се наведува, маскираниот херој сака да остане анонимен и да продолжи да им помага на бездомниците

Непознат маж во Сантијаго облечен како Бетмен стана вистински хит на социјалните мрежи, бидејќи шета по улиците во главниот град на Чиле и им помага на бездомниците со тоа што им дава храна за време на пандемијата на корона вирус.

Човекот, кој инсистираше да остане анонимен, во костум на херојот и со заштитна маска на лицето, секој ден им доставува десетина топли оброци на сиромашните.

– Погледнете што се случува … Ако можете, посветете малку време, дајте малку храна, засолниште, понекогаш и збор за охрабрување на оние на кои им е најпотребно – рече Бетмен од Сантијаго.

Според најновите податоци, повеќе од 390,000 луѓе се заразиле со вирусот корона, а 10.578 починале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi