На овие две места во куќата, елката НЕ ТРЕБА да стои воопшто, а еве и ЗОШТО!

22 декември, 2020
226765_jelka-2_f


Кога ќе кажеме идилична сцена за одмор, веројатно ќе замислиме прекрасна елка покрај огништето со запален оган. Во реалноста, поставувањето елка со силен извор на топлина и оган не е паметна идеја


Експертите препорачуваат елката, без оглед дали е вештачка или природна елка, да биде оддалечена најмалку еден метар од какви било грејачи, печки, радијатори и камини. Колку подолго е дрвото во просторијата и во близина на силен извор на топлина, толку е поголема можноста за несреќа, односно ризик дрвото да се запали.
Доколку се запали вештачката елка, тоа исто така носи ризик од ширење опасни соединенија како резултат на согорување на пластика и други материјали, затоа не ја ставајте покрај запалени свеќи.

Избегнувајте поставување на елката директно до прозорецот. Ова не само што ќе спречи редовно проветрување на домот, што е многу важно во зимските месеци, туку и ќе го намалите продирањето на природната светлина во остатокот од просторот за живеење.


Истражувањата покажаа дека недостатокот на природна светлина во зимските месеци може значително да влијае на расположението на поединецот и да предизвика летаргија, нарушена концентрација, нарушување на спиењето и слични болести.


Иако многумина сонуваат за прекрасни елки кои достигнуваат сè до таванот, подобро е да купат малку помали новогодишни елки. Идеално, треба да имате најмалку половина метар слободен простор помеѓу таванот и врвот на елката.

escort - Korsan taksi