Ова за некој звучи како научна фантастика, но можеби порано луѓето хибернирале за да ги преживеат суровите зими!

22 декември, 2020
shutterstock_765733513


Научниците тврдат дека раните луѓе можеби хибернирале за да преживеат сурови зими, иако тие признаваат дека нивната хипотеза може да звучи како „научна фантастика“.


Можеби раните луѓе хибернирале за да ги преживеат тешките зимски услови како што тоа го прават некои современи животни, сугерираат истражувачите. Научниците дошле до заклучок откако ги испитале фосилизираните остатоци од човекот пронајдени во комората за погребување во пештера позната како Sima de los Huesos или „Јама на коски“ на археолошкиот локалитет Атапуерка близу Бургос во северна Шпанија

Користејќи микроскопи и КТ-скенови, научниците откриле дека коските стари околу 430 000 години имале лезии и други оштетувања на коските слични на оние забележани кај животни кои хибернираат. Се верува дека со забавување на метаболизмот, раните луѓе би можеле да спијат со месеци за да ги преживеат зимите, време кога резервите на храна би биле исклучително мали.

Истражувачите Хуан-Луис Арсуага, кој е на чело на фондацијата „Атапуерка“ и Антонис Барциокас, од Универзитетот „Демокрит“ во Тракија, Грција, признаваат дека „идејата дека луѓето можат да поминат низ хипометаболна состојба аналогна на хибернацијата може да звучи како научна фантастика“.

Другите објаснувања треба да се испитаат
Сепак, еден труд објавен во декемвриското издание на L’Anthropologie истакнува дека „примитивните цицачи и примати“ како што се галагија и лорис хибернираат, што сугерира дека „генетската основа и физиологијата за таков хипометаболизам кај многу видови цицачи, вклучително и кај луѓето, можат да бидат зачувани“.

Во разговорот за The Guardian, Патрик Рендолф-Квини, форензички антрополог на Универзитетот во Нортамбрија во Њукасл, рече: „Ова е многу интересен аргумент и сигурно ќе поттикне дискусија. Сепак, постојат и други објаснувања за варијациите забележани во коските пронајдени во Сима и мора да бидат целосно разгледани пред да се извлечат какви било реални заклучоци. Верувам дека тоа сè уште не е сторено“.

Локалитетот Sima de los Huesos се истражува од 1983 година, а до денес таму се пронајдени 5.500 човечки остатоци, според веб-страницата на Фондацијата Атапуерка. Коските, за кои се верува дека биле намерно фрлени на дното на една пештерска шахта, обезбедија многу докази за раната човечка еволуција во Европа.

escort - Korsan taksi