Поради коронавирусот забележана е неверојатна промена на Земјината топка

27 јули, 20200
zemjina topka

Научниците кои што ја надгледуваат количината на вибрации на површината на Земјата, забележале дека тие значително опаднале, а причината за тоа е ‘заклучувањето’ на градовите ширум светот поради ширењето на коронавирусот.

Податоците кои што ги собрал Британскиот геолошки институт, наведуваат дека сеизмометрите ширум Лондон покажуваат пад на нивото на врева, а слично нешто е забележано и во Париз, Брисел, Лос Анџелес…

Ова ниво на врева е слично на она кое што се забележува во текот на божиќните празници, но сега трае многу подолго.

Како што наведуваат научниците, оваа состојба има една голема корист, а тоа е дека луѓето кои што се занимаваат со проучување на можност од земјотреси сега можат истите да ги откријат, кога ќе го споредат нивото на врева со човековата активност.

Тие велат дека доколку може да воочиме звуци кои што ги создаваат луѓето, можеме истите да ги отстраниме од нашите податоци за да предвидиме земјотреси.

Истражувачите ширум светот ја користат оваа техника од Лондон за да направат сопствени графкони, па потврдите за намалена врева и вибрации стигнуваат од Америка, Нов Зеланд, Франција…

Некои од научниците тврдат дека падот на сеизмичката врева би можел да биде корисен и за предвидување на активноста на вулканите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi