Приказната за медицинската сестра која спиела со нацистите и на тој начин им пренесувала сексуални болести

29 август, 20200
10
На анонимна медицинска сестра, која за време на Втората светска војна спиела со нацистите и на тој начин им пренесувала сексуални болести, и` е направена спомен плоча во Чешка.

Локалните жители на градот Трабон, во Бохемија, Чешка, велат дека приказната започнала во 1938-ма година, кога Германците набрзо после окупацијата на Чехословачка, силувале многу жени, меѓу кои и анонимната Чехиња.

Имено, медицинската сестра одлучила да им се одмазди на нацистите за злоставувањето. Поранешниот адвокат 79-годишниот Карел Фримел, кој денес живее во куќата во која некогаш живеела анонимната хероина, се бори за тоа сеќавањето на оваа храбра жена да биде признаено.

„За жал, не го знаеме нејзиното име бидејќи помина многу време, а сеќавањето на неа е избледено. Но, знаеме дека имала задача да ги негува повредените германски војници и дека започнувала врска со нив“, кажал адвокатот Фримел.

Во почетокот била клеветена и окарактеризирана како ку**а од страна на локалните жители. Меѓутоа, откако почнале се повеќе Германци да исчезнуваат или умираат, станало јасно дека таа намерно ги заразувала.

„Тоа било нејзин вид на отпор кон силувањето на неа и на нејзината земја. Не се знае колку љубовници имала, можеби шест, можеби десет, можеби и многу повеќе, луѓето сведочеле дека сите нејзини љубовници недолго после врската со неа – исчезнувале“, раскажал адвокатот.


Германските трупи упаднале во Трабон на самиот почеток на војната, недолго откако нацистите анектирале некои делови од тогашната Чехословачка. По наредба на самиот Хитлер, целата западна половина на земјата, Чешка, била преименувана во Проректорат Бохемија и Моравија.

Гестапо ги извршувал своите злосторнички активности за тоа време. Токму озлогласената германска служба била таа која ја уапсила медицинската сестра, откако испратиле агент да провери што се случува со војниците кои мистериозно исчезнувале.

„Тајниот агент се инфилтрирал во болницата и дознал за што станува збор. Хероината била уапсена и застрелана“, раскажал адвокатот.

„Жената е историски непризнаена, без никаков документ во кој се спомнува, но сведочењата на народот се тие кои се заслужни за тоа што денес знаеме за нејзиното херојство“, изјавила Јирина Пискова, историчар кустос во музејот во Требин.

„За мене таа била херој. Затоа направив спомен плоча во нејзина чест и ја поставив во својата куќа“, изјавил Фримел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *