Психијатрите ја открија тајната: Прочитајте ги луѓето како „отворена книга“ за само СЕДУМ СЕКУНДИ!

6 ноември, 2020
тајна

Книгата не треба да се оценува според корицата, но науката докажа дека токму тоа го правиме и ние. Луѓето имаат тенденција да дадат мислење за некоја личност во првите 7 секунди по состанокот – иако е погрешно, ние остануваме со тоа мислење доста долго.

Доверливост
Десеттинa секунди се доволни за да процениме дали можеме да веруваме на некого. Истражувањето беше спроведено меѓу студенти: едната група имаше 100 милисекунди за да процени привлечност, агресија, симпатија, сигурност и некои други карактеристики на лицата на актерите, додека другата група не беше ограничена во времето. Размислувајќи за карактеристиките, на некои им требаше повеќе, а на некои помалку време, освен кога станува збор за сигурноста – и двете групи го оценија ова во иста временска рамка.

Финансиска состојба

Вашиот статус може да се открие со облеката што ја носите. Истражувачите откриле дека луѓето кои носеле брендирана облека биле перцепирани како „побогати“.

Сексуална ориентација

Дали знаевте дека е потребна само една секунда за да се процени сексуална ориентација врз основа на гестови, изглед, изрази на лицето и држење на телото, велат експертите.

Интелигенција

Дали некој ќе ве доживее како интелигентна личност, исто така може да зависи од вашиот начин на комуникација и „контакт со очите“ за време на разговорот. „Контакт со очи“ за време на разговор е многу важен. Дава впечаток на интелигентна личност, а најспособните меѓу нас знаат како тоа да го искористат и да го свртат во своја полза.

Склоност кон промискуитет
Едно истражување покажа дека Британците различно ги перцепираат жените со тетоважи, ги сметаат за помалку привлечни и попромискуитетни од припадничките на понежниот пол чија кожа не е „украсена“ со цртежи.

Доминација

Иако многу мажи очајуваат поради опаѓање на косата, студија од Универзитетот во Пенсилванија покажа дека немаат причина да бидат тажни – ќелавите мажи се карактеризираат како подоминантни од оние кои имаат коса.

Авантуристички дух

Изгледот не е единственото нешто што луѓето го „мерат“ – Тие формираат мислење и од начинот на движење. Ги перцепираме луѓето кои одат порелаксирано како поотворени и со авантуристички дух.