Судот одлучи: Формата на квадрат смее да ја има само едно чоколадо

26 јули, 20200
cokolado

Чоколадото Ритер е единственото што може да се продава во Германија во карактеристичната квадратна форма, донесе пресуда во четвртокот германскиот Врховен суд, отфрлајќи ја тужбата на конкуренцијата.

Судот смета дека квадратниот облик на чоколадото Ритер Спорт не е само плод на функционалност, туку и на креативен дизајн.

  • „Не е клучно за другите производители на чоколади да ги нудат своите производи во квадратна форма“ – се вели во пресудата. Ова ја отфрли судската постапка на компанијата Монделез, производител на чоколадото Милка. Конечната пресуда стави крај на десетгодишна правна битка во која Милка бараше укинување на ексклузивното право на Ритер за таков вид чоколадо.
  • „Среќни сме што заштитата на нашиот бренд, кој го култивираме со децении, е обезбедена и во иднина“ – рече компанијата Алфред Ритер од Валденбух во близина на Штутгарт.
  • „За нас, квадратниот облик на чоколадо има иста вредност како и виолетовата боја на пакувањето за конкуренцијата“, додаваат во Ритер.

Ритер Спорт е основана во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932 година, кога ко-основачот Клара Ритер одлучила дека чоколадиите мора да се вклопат во секој џеб од јакна без да се кршат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi