Таа владеела со Египет пред Клеопатра, но за неа не сте слушнале- причината е ужасна!

25 август, 2020
Таа владеела со Египет пред Клеопатра, но за неа не сте слушнале- причината е ужасна!
За многумина не е познато дека Клеопатра не била единствената жена која што владеела со Египет. Многу пред неа, во Египет владеела Хатшепсут, која што не сакала да биде моќна кралица – туку фараон.

Но, на многумина тоа не им се допаѓало, па сите траги во врска со неа биле избришани.

Како што наведуваат историчарите, Хатшепсут навистина станала фараон. Всушност, кога нејзиниот сопруг, фараонот Тутмозис Втори починал, неговиот син Тутмозис Трети, бил мало момче. За неа велат дека била и тоа како амбициозна жена со силна волја која што не ѝ дозволувала за некој да и застане на патот.

После две години регенство со кралот Тутмозис Трети, таа створила поддршка од високопозиционираната војска и судската администрација. Таа добивала сè поголема моќ, сè додека официјално не станала владетелка на Египет, што на народот и не му се допаѓало толку многу.

Се претпоставува дека народот не го поддржувал тоа затоа што “било напишано во ѕвездите” дека мажите се тие кои што треба да бидат фараони, но исто така биле и загрижени поради тоа што таа на тој начин поттикнала многу жени да побараат власт.

Како би го придобила народот, таа одлучила да биде мажествена, поточно да носи брада, а наместо Хатшепсут, таа го променила своето име во Хатшепсу.

Нејзиното владеење не е познато по воените походи, туку по трговските експедиции. Познато е патувањето во земјата Пунт, а постојат и бројни докази дека фараонката испраќала експедиции кон рудниците за тиркиз на Синај.

Можеби најлошо од сè е тоа што таа била избришана од листата на египетски кралеви. Жена на престолот било нешто премногу нечесно за тоа доба за да остане забележано. Се верува дека покрај сето тоа што го направила за Египет, сепак на сите им останало врежано тоа што таа е женско, па посакале сепак сè да биде како да не постоела.

Но, сепак не можеле да ги сокријат сеќавањата на неа кои што биле овековечени на камен. Имало доволно траги кои што се однесуваат на Хатшепсут за лесно да се сфати која е и што е таа.