Застрашувачка приказна: Таа ја убила нејзината мајка која ја принудила да глуми инвалид цел живот! (ФОТО+ВИДЕО)

24 август, 2020
205075_untitled_ls

Земајќи ја предвид врската со малтретирањето, тужителот и понудил на девојчето решение според кое ќе добие само 10 години затвор, што е најниска можна казна за убиство од втор степен.

Џипси Роуз Бланшард дури го изненадила и својот татко кога на нозе влегла во судницата и се изјасни за виновна за убиството на нејзината 48-годишна мајка Ди Ди Бланшард во јуни 2015 година.

Нејзината мајка тврдеше дека девојчето страдало од бројни болести, вклучувајќи леукемија во раното детство, а подоцна и мускулна дистрофија.

Татко и не знаел ништо

Род Бланшард, таткото на девојчето, кој беше напуштен од нејзината мајка пред да се роди Џипси Роуз, за ​​медиумите изјави дека е во „тотален шок“ кога ја видел својата ќерка како влегува во судницата на своиѕе две нозе, пишува The Independent.

Џипси Роуз Бланшард била принудена да поминува години од животот во инвалидска количка, заробена во домот кој го делела со нејзината мајка во Спрингфилд, Мисури, изјави нејзиниот адвокат за време на судењето.

– Јас навистина, искрено, верував дека таа има бројни здравствени проблеми – рече таткото на девојчето.

Откако конечно сфатила дека се работи за лага, Џипси Роуз Бланшард ја прободела нејзината мајка, па објави на Фејсбук „Ку*ката е мртва“.

Земајќи го предвид односот со злоупотребата, тужителот и понудил на девојчето решение според кое ќе добие само 10 години затвор, што е најниска можна казна за убиство од втор степен.

Документарецот  ‘Mommy Dead and Dearest’ е направен врз основа на оваа незамислива приказна. Филмот ја истражува врската помеѓу мајката и ќерката, но и она што ја натерало Ди Бланшард да ја натера нејзината ќерка да се преправа дека е хендикепирана.

Некои тврдат дека самата мајка страдала од нарушување што предизвикало таа да се однесува како да девојчето за кое се грижело страдало од сериозно заболување, иако таа всушност била целосно здрава.

Сепак, други веруваат дека таа го заробила своето дете едноставно за да добие илјадници долари донации.