Забрането смеење? Земји каде насмевката може да ве доведе до неволја

11 октомври, 2020
zena-djevojka-priroda-osmijeh

Додека во некои земји насмевката е знак на срдечност и искреност, во други делови на Светот тоа сугерира измама, неморал, глупост или лага…

Насмевката ги отвора сите врати? Понекогаш не, во зависност од тоа во која земја се наоѓате. За најголеми „намќори“ се сметаат Русите, кои на почетокот може да изгледаат како климата во некои делови на земјата – крајно студена.

Русите изгледаат затворено затоа што не им се насмевнуваат на странци или „туку така“, но штом ќе ги запознаете, ќе откриете дека сè е во ред со нив – тие не се нужно депресивни или им недостасуваат предните заби.

Многу Руси, исто како и многу други народи, мислат дека смеењето без причина е едноставно бесмислено и лажно, понекогаш индикатор за недостаток на интелигенција, а понекогаш и на искреност. Таквиот поглед на светот е потврден и со групни фотографии, или на деца или на возрасни, бидејќи Русите често не им се смеат. Додека сте на Запад, па дури и кај нас, вообичаено е да се каже „cheese“ (или некој друг, покреативен израз) за време на фотосесија, тоа не е случај таму.

Додека во некои земји насмевката е показател на топлина и почит, на други места може да биде знак на измама и нечесност, потврдува Куба Крис, психолог во Полската академија на науките. Неговата теза е дека особено во сиромашните и корумпирани земји, смеењето без очигледна причина предизвикува сомнежи за измама.

За да ја потврди својата теорија, Крис направи илјадници фотографии на луѓе во 44 различни земји и ги спореди со економските услови, како и спроведе истражување за тоа како жителите ги доживуваат насмеаните лица на фотографиите. За Германците, Швајцарците, Кинезите и Малезијците, насмеаните луѓе изгледаа интелигентни, додека во Јапонија, Индија, Иран и Јужна Кореја се сметаа за поглупави.

Во Индија, Аргентина и Малдиви, насмеаните луѓе оставија впечаток на неморал, што според Крис е резултат на корупција во тие земји.

Други истражувања покажуваат дека насмевката не е нужен показател за среќа; во „среќните земји“ како Швајцарија, Шведска и Норвешка, жителите претежно не се насмевнуваат, додека, на пример, Американците, чиј индекс на среќа паѓа, неуморно ги покажуваат сите заби, пишува Punkufer.