ЖЕНА ОД ХРВАТСКА ГО НАСМЕА РЕГИОНОТ! Ја заборави својата маска, па влезе во продавницата со кеса на главата

16 октомври, 2020
Untitled12

Иако заштитните маски се задолжителни во затворен простор со месеци, многумина сè уште ги забораваат пред да одат во продавница.

Една дама од Далмација не сакала да се врати во станот по својата маска, па ставила најлонска кеса на главата и стана хит на Фејсбук.

Нејзината фотографија е објавена на страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“, каде има над 700 лајка и многу коментари, а покрај корона вирусот, кесата може дури и да ја заштити од дожд.