ЗОШТО ФИНЦИТЕ СЕ НАЈСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Тајната лежи во овие бизарни навики!

27 декември, 2020
навика

Бесконечни снежни шуми, поларен студ, долги ноќи и домот на Дедо Мраз … Ова се едни од првите асоцијации на кои ќе помисли просечен човек кога некој ќе ја спомене Финска.

Но, оваа северна земја има свои тајни за кои знаат само луѓето што ги посетиле или живеат таму.

По мало истражување, еве неколку интересни навики на жителите на земјата која важи за една од најсреќните во светот.

Колку заработуваат

Не е пристојно да ги прашувате луѓето колку заработуваат, но таквите информации можете да ги добиете во даночната служба. Ова е малку иронично. Се смета за грубо ако прашаме познаник во Финска колку заработува. Но, од друга страна, можете слободно да повикате даночна канцеларија и да побарате информации за приходот на кое било лице што ќе ви падне на ум во тој момент.

Големи контејнери за храна

Во оваа земја, секој возрасен сам одлучува колку сака да јаде во одредено време. Обично има големи контејнери од кои земате храна. Патем, сосема е во ред да земете порции колку што сакате. Но, бидете внимателни: треба да се обидете да процените колку можете да јадете, бидејќи не е пристојно да оставите храна на чинија. Финците веруваат дека луѓето што го прават тоа не се грижат доволно за околината.

Што е никси

Финците се можеби најголемите обожаватели на разни трикови кои заштедуваат пари и време. На финскиот јазик има дури и збор – никси, што значи такви мали, но корисни животни трикови.

Тие се големи љубители на млекото

Финска дефинитивно не е земја за луѓе кои се нетолерантни на лактоза. Замислете, просечен Финец пие дури 130 литри млеко годишно. Исто така, со ручек, сосема е нормално да се пие не чаша вода или кока-кола, туку – чаша млеко!

Finska sauna

Финците не се срамат од своите тела

Ако се најдете во финска теретана или базен, немојте да се изненадите што не се оградени тушевите. Сосема е нормално да се истуширате до странец.

Тие не користат сунѓери за миење садови

Друга навика на Финците е поврзана со миење садови. За разлика од остатокот од светот, тие не користат класичен сунѓер за садови. Тие претпочитаат триаголни четки.

Како ги греат автомобилите

Наместо да ги загреваат своите автомобили 10, 20 минути, во Финска скоро секој паркинг простор има излез каде што можете да го вклучите вашиот автомобил за да се загрева побрзо.

escort - Korsan taksi