Зошто не можеме да спиеме покрај вклучен телевизорот? Еве го одговорот!

14 ноември, 2020
тв

Многу луѓе имаат навика да заспиваат со вклучен телевизор и велат дека им е полесно да заспијат. Ако сте дел од таа група, тогаш мора да знаете дека тоа многу го нарушува вашиот процес на спиење и остава последици врз вашето здравје.

Кога станува збор за спиење, научниците се согласуваат – човечкото тело треба да спие во целосен мрак. Кога сонцето излегува и се појавува дневна светлина, рецепторите на светлината во мрежницата ни испраќаат сигнал дека е време да се разбудиме и да спречиме производство на мелатонин (хормон на спиењето) во телото.

Ситуацијата е обратна кога ќе се стемни. Тогаш телото добива сигнал дека е време за спиење и нè охрабрува да спиеме ослободувајќи мелатонин. Ако сте изложени на силен извор на светлина како вклучен телевизор во тој момент, тогаш ќе имате немирен сон бидејќи светлината значително ги нарушува основните телесни функции, деноноќниот ритам и влегувањето во фазата на спиење во која најдобро ќе се одморите.