Facebook воведе нова опција: Еве како да направите свој аватар

19 мај, 2020
Naslovna

Facebook воведе нова опција која им овозможува на корисниците да создадат свој аватар. Аватарите можат да бидат дизајнирани да изгледаат исто како нас и потоа можат да се користат како налепници на Фејсбук во коментари или на Messenger. Аватарот е замислен како дигитален карактер со кој корисниците можат да ги искажат своите емоции и расположенија. Фејсбук ја воведе оваа опција како одговор на алатката Bitmoji која воведе Snapchat во 2016 година, пишува The Sun.

Од Фејсбук соопштија дека нивната цел е да привлечат помлада публика.

Today, we’re celebrating the launch of avatars in the US! So much of our interactions these days are taking place…

Gepostet von Fidji Simo am Mittwoch, 13. Mai 2020

„Денес, комуникацијата се одвива претежно преку Интернет и затоа стана поважно од кога и да e, можност да се изразите на Фејсбук“, напиша Фиџи Симо, кој е надлежен за апликацијата „Фејсбук“.

Корисниците можат да го обликуваат аватарот со избирање на формата на лицето, носот, усните, бојата на очите, косата и слично. Исто така можете да го облечете аватарот, да ставите шминка или да ставите очила. Изгледот на аватарот може да се промени во секое време.