Импланти во мозокот, чипови во черепот: поврзувањето на луѓе со компјутери започнува наредната година?

10 мај, 20200
маск

Илон Маск повторно проговорил за иднината на вештачката интелигенција и за улогата на неговата компанија во создавањето на услови за симбиоза меѓу луѓето и машините. Тој открил и дека стартапот Неуралинк во чие основање учествувал и тој, е блиску до почетокот на тестирањето врз луѓе.

Неуралинк уште минатата година потврдил дека е креиран робот кој имплантите за интеракција со компјутерите може да ги интегрира длабоко во човечкиот мозок. Резултатите се добиени на основа на тестирања на лабораториски стаорци во чии мозоци се имплантирани 1500 електроди, за кои не може со сигурност да се тврди дека би можеле да функционираат и во човечкиот мозок.

Ако се покаже како функционална, технологијата на прво место би требало да послужи за враќање на подвижноста, видот, способноста за говор и слух кај оние кои ги изгубиле. Маск тврди дека поврзуваето на мозоците со компјутерите ќе биде единствениот начин да се одржи чекор со развојот на вештачката интелигенција. Најавено е дека тестирањето на човечки субјекти може да се очекува за помалку од една година.

Маск истакнува дека на одредено ниво ние веќе сме киборзи бидејќи зависиме од паметните телефони и други уреди и дека во многу случаи кога го губиме телефонот, ние се чувствуваме како да сме останале без дел од телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *