Кога пристигнува iPhone 12?

14 август, 20200
1587113928371-iphone-12-815x458

„Apple“ најверојатно ќе ја претстави новата 12-та серија на својот паметен телефон iPhone, во третата недела од октомври. Оваа информација беше споделена на неговиот профил на Twitter во четвртокот од аналитичарот Џон Просер, кој претходно го предвиде точниот датум на објавување на iPhone SE.

Според неговите тврдења, кои ги пренесува GSM Arena, „Apple“ ќе ги претстави iPhone 12 и 12 Pro „во текот на неделата што започнува на 12 октомври“.

Веднаш по настанот, ќе започне предпродажбата на стандардниот модел iPhone 12, додека испораката ќе започне една недела подоцна, на 19 октомври.

Што се однесува до посилниот модел iPhone 12 Pro, почетокот на неговата испорака се очекува малку подоцна, во текот на ноември.

Според најавите на Просер, „Apple“ ќе ја претстави и нова генерација на прифатливи таблети „iPad 10,2“, како и часовникот „Apple Watch Series 6“. Презентацијата се очекува да се одржи во неделата што започнува на 7 септември. „Apple“ најверојатно нема да организира специјален настан, но ќе ги претстави овие уреди во соопштение за печатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi