Новиот Андроид смартфон на Microsoft со два екрани пристигнува за 1 месец

24 август, 2020
https___d1e00ek4ebabms.cloudfront.net_production_e0ca7758-da2c-4f49-aa87-b35f4a7551a5

„Мајкрософт“ објави дека нејзиниот нов смартфон со два екрани со „Surface Duo“, кој работи на оперативниот систем „Андроид“, ќе биде пуштен во продажба од 10 септември по почетна цена од 1.399 долари.

Surface Duo се затвора како книга и за разлика од Samsung Galaxy Z Fold 2, кој има единечен екран изработен од специјално флексибилно стакло што се преклопува како книга, Дуото има два класични екрани разделени со шарка, синхронизирани за да работат заедно, пренесува Ројтерс.

На брифингот за медиуми пред најавата за „Surface Duo“, директори на „Мајкрософт“ го претставија уредот како алатка за попродуктивен бизнис со користење на нивните апликации, бидејќи многу луѓе на работа ја користат опцијата за двојни монитори на нивните персонални компјутери.

На пример, во апликација за разговор со тим од компанијата, видео разговор зазема еден екран, додека другиот екран го прикажува разговорот во писмена форма.

Поставувањето со двојни екрани исто така им овозможува на корисниците да ги спарат апликациите кои не се „Мајкрософт“, како што се водење социјални мрежи Твитер и Инстаграм.

„Мајкрософт“ наведува дека тие веќе започнале да примаат нарачки за претпродажба на овој уред преку нивната веб-страница, како и преку АТ & Т и БестБју. Уредите прво ќе работат на мрежите на АТ & Т, Веризон комуникации и Т-Мобиле САД.

Microsoft Surface Duo не поддржува мрежна технологија од 5G. Уредот првично ќе биде достапен само во Соединетите држави, а компанијата не дала временска рамка кога би можела да го лансира на други пазари, пренесува Ројтерс.