Светски ХИТ! Апликација број еден во светот денес!

31 март, 20200
61861322-karta-svijeta-svijet

Ако слушате каква музика се пушта на Кипар, Исланд, или некој град на периферијата на Трансилванија, освен самата мелодија лесно можете да го почувствувате и духот на жителите на земјите кои отсекогаш сте посакувале да ги посетите.
За тоа може да ви послужи и интернет платформата која на едно место нуди неколку радиостаници.
Со кликнување на убаво дизајнираната интернет страница како што е Радио Грин, кадешто виртуелно можете да го завртите глобусот со музика, вниманието ќе ви се задржи и подолго отколку што мислевте.
Радио Грин е една од омилените платформи која овозможува со еден клик на една од понудените точки да слушнете што се случува во светот, од вести до најразлични емисии.
Слушањето на радиостаници е одличен начин и за учење на странски јазици. Одберете некоја од понудените станици која предност им дава на вестите и интервјуата, а за почеток избегнувајте ги локалните станици, бидејќи би можеле да го научите јазикот на дијалект.
Дозволете да ви влезе јазикот во уво и набрзо се повеќе ќе откривате нови зборови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi