Тој ќе се бори додека бомбардираат: Новиот интелигентен дрон ги штити авионите во воените мисии

6 мај, 2020
naslovna

Австралискиот центар „Боинг“ го претстави прототипот авионско летало, за кое дизајнерите се надеваат дека ќе можат да извршат сложени борбени задачи и да донесат вештачка интелигенција на бојното поле во блиска иднина, пренесува Си-Ен-Ен. Авионот, наречен Лојален Летач, е долг 11,5 метри и има радиус од 2.000 милји (3.218км).

Беспилотното летало ќе користи вештачка интелигенција за независни воздушни мисии или ќе биде ангажирано во операции за поддршка на човечки авиони, се вели во сајтот на проектот „Боинг“. Беспилотното летало ќе се користи за мисии за електронско војување, разузнавање, извидување и надзор.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека новиот авион во иднина ќе штити скапи авиони како што е Lockheed Martin F-35,повеќенаменски борбен авион на стелт технологија