Толку прекрасна! Вилата на Аshton Kutcher и Мila Kunis изобилува со смирувачки бели нијанси

29 мај, 2020
61891560

 Mila Kunis и Ashton Kutcher одлучија да ја продадат својата куќа во Los Angeles, а почетната цена е 13.995 милиони долари. Станува збор за првата куќа на овој холивудски пар.

Оваа куќа од соништата ја купија во 2014та година и истата се наоѓа во склоп на Hidden Valley. Тие за овој станбен објект платија 10.215 милиони долари и истата е уредена во безвременски класичен стил, има пет спални соби и пет бањи.

На приземје се наоѓа дневната соба со камин, трпезарија и огромна бела кујна, уредена со vintage и модерни уреди, како и шанк. На тој спрат се наоѓа и семејната спална соба.

На горниот спрат се наоѓа винската просторија со контролирана температура, во која им простор за стотина шишиња, теретана и сауна.

Вилата исто така, поседува и градина којашто се протега на нешто повеќе од половина ектар, исполнета со зеленила и надворешна камена тераса со кујна. На поплочениот дел од дворот се наоѓа базен во форма на лагуна.

Нивни соседи се  Adele, Jennifer Lawrence, Katy Perry, Nicole Kidman, Keith Urban, како и Cameron Diaz i Benji Madden.