Додека сите мака мачат со вишокот килограми заради карантинот, македонската пејачка го покажа убавото тело и совршени стомачни мускули!

10 јуни, 2020
loba

Пандемијата нè затвори дома. Физичката активност се сведе на минимум, а едно е сигурно- седењето дома го зголемува и апетитот. Помини- замини, се отвора фрижидер, се каснува нешто благичко, или се грицка нешто соленко.

Па така, речиси сите можеме да се пожалиме со некој килограм плус, или салце кое виси од некаде, со желба и ветување дека ќе го стопиме “од утре”.

Но, ова не важи за неа. Викторија Лоба објави слики на својот Инстаграм профил на кои ја покажа совршената фигура и уште поубавите стомачни мускули кои не им подлегнале на карантинскито лежење.

Се чини дека додека некој лежел, некој вредно работел на себе. Секоја чест!

А нам ни останува или да се потрудиме и да поработиме на себе, или да се тешиме со идејата дека летово нема да има одмор, па костимот за капење ќе остане необлечен!