31 мај, 2020

Се мислев до прееска да напишам нешто за моите другари. Интересни ликови вредни човек да пишува за нив. Поготово Џамбаз, опуштен лик, скопски џетсетер, мераклија за се што е убаво и удобно, за Лаки блефер или за Цоки, патриот наш со добар комитски стаж. Борец за Македонските прашања поготово во Егејска Македонија, но тоа ќе го оставам за некој друг ден. Ме мотивираше интервјуто на оној залутаниот во Скопје , Гоце, чинам од Прилеп е долетан, со професорот Мицкоски на Анал 5 телевизија. Гледам и не можам да верувам на очи и уши. Читам го рендаат и по социјални медиуми, но ќе напишам и јас некој збор пред се да не останам покус , нели 🙂
Се мачи сиромашкиот Прилепчанец цел еден саат да си ја истера агендата што му ја напишале, но изгледа не само тој ништо што не разбира, туку сфатив дека појма немаат и тие што му го пишувале сценариото. Професорот му вика афте Гоце свести се не треси зелени, а Гоце наш запнал афте курафте афте куравела. Да му е срам на човек што име носи на наш најголем преродбеник и револуционер. И си викам. Ај да Анал изирам кој може толку ачик неписмен, да го има пишувано сценариото. Смирчевски? Не верувам. Толку многу го боли позади, што од десно на лево, од лево на десно, такво радодајство направи, што дури и Димитров да му позавиди. Значи го боли аналниот отвор и Смирчевски не е. А слушам и афти има фатено околу устата. Значи болен е и дефинитивно не е!
Газда му Емилчо да не е случајно? Па си велам, не е Емилчо толку писмен цел саат прашања да напише, ако ништо друго без граматичка грешка, иако дефиниравме дека суштината на напишаното е едно големо празно множество. Значи, ни Емилчо син на татка си- не е!
Одам понатаму. Др. Санрајс Ребитов? Јок. Нема шанса! Немаше прашање за српот и чеканот, за фамозниот танц за решавање на кризи, џанам индијански некој со врачеви, а немаше ништо ни поврзано со лајфстајл на пример, мотори, трева, Луиџи Витонезе, и сфатив дека сум на крив пат.
Идемо даље другови и другарице. Ген секот еееее. Анал изирам и анал изирам- не е! Немаше прашање за правата на загрозените категории, поготово на оние од задниот сектор. Не е ни тој.
Упм.. се тесни кругот а јас решение немам. А оној Костадинчо бе да не е? Тој знае се секогаш. Упатен во се и сешто. А и мераклија е за пред камери. Не е ми велат сите! Една книга немал прочитано во животот, а и да имал сигурно не ја сфатил. Не знам. Јас не го познавам искрено, а вака симпатичен ми е 😉 Значи Коки не е!
Рада знам дека немаше време. Развиваше шатори пред инфективна. Е ако де. И се срушиле шаторите. Па што. И така не и беше намера да стојат долго. Ги наместија за да го преплашат народот и толку. Значи Рада не е сто посто.
Врти заврти дојдов до Оки. Ама велам алоооо. Оки е гарант во Куманово. Да го досардиса до крај, малку зардисаниот,што од сиромаштија ,што од корона. А го молеше. Го молеше со недели и тоа, не секој, туку Максим главом и брадом. А Максим да не грешам душа, е од истиот оркестар.
И реков не мислам повеќе. Велат одговорот е секогаш пред носот. И така е скоро секогаш. Гоцета го сардисаа денес сите заедно. Пусти Гоце, пробувајќи да ,,постаса,, секаде, се посра.
И да завршиме. Не е лесно кога мора и орално и анално секогаш на претпоставените да им излегуваш во пресрет. Затоа разни Гоциња а богами и ред друга залутана номенклатура Анал исти, цел живот ќе чекаат на портите на своите господари како загари. Коски да им фрлат за да им ја згаснат таа боранија жед за докажување, а богами и покажување.
Ајде чаос . мучо грациас фор ридинг ми

Остави коментар

Почетна // Our Story // Гоце Делчев се превртува во гробот своj
Горе