Каменот од близу “темнее”… за СОНЦЕТО повторно да ИЗГРЕЕ!

5 мај, 2020
goce-delchev

Те оставив вчера Гоце мој Македонски, на раат да ги видиш сите душебрижници, полтрони, еретици и предавници. Да видиш со какво зло се бориме ние денес. Тоа твоето тогаш Гоце,  излезе како играчка за мали деца, споредено со аждајата што не покри, што од надвор а што одвнатре …аждаја што ни го коси денешното, аждаја што го продаде минатото и аждаја Гоце мој Македонск што ни плука на иднината, џанам како од по дома да ни ја донесоа.

Ќе се каат Гоце сите, иако да беа барем малку свесни што прават, тоа немаше и да ни го замесат. Си велев, боже неписмени се не знаат, но се надевав дека барем ќе слушаат. Ама и за да слушаш Гоце мој Македонски, и за слушање треба многу повеќе од тоа што господ им го дал, за жал.

Ќе ги казниме и ние Гоце мој, но ќе ги казнуваш и ти со твоите соборци, тие пред тебе, после тоа.. а најмногу ќе ги казни господ, зошто му избришаа едно големо М во најсветото- во библијата.

Зошто господ Гоце, не го бива и без Рим и без Персија, Месопотамија Гоце, а овие.. со голема помош од оние,  ја ибришаа Македонија.. Последниот бастион на реалната карта во библијата.

Зошто филмовите со “ Once upon a time” Гоце , најдобро им се продаваат. Божем ние како вонземјани сме спуштени овде, за да го крадеме на Грците и Бугарите светото, нешто  што кога светото беше наше, тие во племенски “демоси” дивееа низ Африка, а другите “главом без обзира” бегаа од Џингис Кан низ Азија, кој сигурно посвесен од сите, грмеше низ светот за да ги сардиса.

Ќе го разбирав и јас Гоце наш Македонски, светот како поле за културолошки натпревар, доколку на време не ги детектирав остатоците на неолитот кај нашите соседи. Во неолитот велат главна била борбата за живот, но немало пардон и од канибализам, инцест.. аномалии кои од колено на колено се “ткаеле” во генот се до денес, кај некои “храбри” политичари што кај нас, а уште повеќе во “комшилукот”.

Дегенерацијата ќе ја решевме Гоце, доколку доаѓаше само од надвор, како вирус или бактерија, со ваква или онаква дезинфекција за јавни тоалети Гоце, а смрдеата ќе им ја оставев за кај нив, таму да “зрачи”,  зошто на таква смрдеа се навикнати одамна.

Велат Гоце мој, си се борел за други цели, загина за други идеали, еве ќе прифатам. Идентично како и моите дедовци.. Да гинеш и гниеш не е срам.. без разлика што и тој живот или смрт каква и да е, другите сакаат да ти ја украдат.

А што ќе добијат? Излезе, дека овие лешинари повеќе на смрт се радуваат одколку на живот Гоце. Затоа што на животот, на овој живот Гоце, не можат да му ја продадат таа демагогија и заблуда со која живеат. Но со смртта Гоце, тие шуруваат – како со ѓаволот, што им е влезен одамна, зошто друг избор и немаат. Без тебе, без сите Вас што згинавте за нашето свето Гоце – тие не постојат. Затоа на смртта  Ваша и се веселат, зошто демек смртта најлесно ќе купува.

Не споменав никој друг Гоце, намерно. Зошто вчера денот беше твој. Денес денот е наш, а утре? И утре ќе светне истото сонце Гоце, за да им го угаси мракот во кој живеат и нашиве, а и нивните Гоце. Иако од нашите, многу повеќе боли од сите нивни, вакви или такви… секакви.