Македонска Калабалак Сага

1 април, 20200
aaaa

Се прашувам што би сакале да напишам, а да не бидам сличен на многумина, очаен како владини прес конференции, немоќен како владин министер, саркастичен како влијателни твитерџии, безобразен како владини поддржувачи, крахиран како шаторине на Рада, без полезен како владина мерка, несреќен како македонскиот народ, без кичма како македонски политичар, криминален како македонските влади, досаден како македонски аналитичар, лизо- јајчар како провладин медиум… Па и немам многу избор, освен да пробам да бидам реален.
Ни се качија на грб веќе еден месец со медиумски пресинг, плашејќи нѐ сите со болест и смрт, оставајќи не сами да се снаоѓаме со сопствената сиромаштија. Што финансиска, што морална, што општествена, што социјална.. да не должам. Списокот е долг. Немаа тестови, па не лажеа и лажат за број на заболени. Немаа маски па не учеа пелени да ставаме на уста за да се заштитиме. Немаат решение,  а око не им трепнува што откази се лепат на секое , низ цела држава.Се грижат исклучиво за сопствениот рејтинг и одвратен ПР, како да не замајуваат со некакви си мерки, за кои од после Прва Светска Војна нема никој нити видено нити чуено. А зошто наместо маски не земаа да ни делат кондоми? Зарем не се плашат ако луѓето почнат да се размножуваат во самоизолација затворени како глувци во четири зида? Како тогаш ќе ни го фатат крајот ако после се неколку десетини деца се изродат низ државава, кога и нам колку и да сме токму сме, не знаат да ни ги решат основните човечки проблеми? Или тогаш ќе ја пратат Рада или Оливер да ни кажуваат дека полициксите саати ни ги спровеле за да се накотиме? После се што чувме и видовме, ништо чудно.
И падна Априлскиов снег. Како шега или како од господ опомена, ама шаторите на Рада ги сардиса. Иако како шелтер за кучиња бездомници беа идеални. Вака останаа и кучињата назгрижени и луѓето несардисани.
Ги намалија платите на високите функционери. Добро. Значи од парите на Боки ќе можат да се покријат месециве во изолација. Но што ќе прават кога ќе им завршат? Предлог. Наместо жиро сметката на неспособниот Филипче за помош од пандемијата, ние самите да се организираме и да отвориме сметка за помош на функционерите, што се жртуваат за наше добро и за добро на старите. Да си го олесниме животот пред време, зошто кога ќе им снема пари само господ знае каква глупост ќе им текне да ни ја забијат како рогови на сите нас обичните.
И да не должам, а можам со теориите на заговор на пример. Само тие не се толку обични и прости за да легнат на овој текст наменет за борците за живот и смрт на сите нас…најобичните.

П.С. А ќе бараат ли после целиов циркус боречки пензии?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *