Македонски Диџеј почина од коронавирус

17 јуни, 2020
icko

Утринава македонската јавност ја потресе веста за смртта на познатиот македонски Диџеј- Ристо Меловски, попознат како Диџеј Ицко, кој подолго време боледувал од Ковид-19.

Колегите од македонската естрада се простуваат со својот пријател уште од раните утрински часови.

Диџеј Ицко работеше во Антена 5 Радио, a 15 години ги забавуваше и гостите во клубовите ширум земјава со своите електро- хаус миксови.

Ицко имаше само 48 години, беше семеен човек, сопруг и татко на две деца.